Mentalna aritmetika Malac Genijalac

Малац Генијалац е интернационален едукативен систем, наменет за здрав развој на детскиот мозок. Цели на Малац Генијалац се поттикнување и развивање на интелектуалните вештини и способности на децата, започнувајќи од најрана возраст. Следејќи ја оваа визија Малац Генијалац, успешно го спојува „најдоброто од два различни света” т.е. успешно ги применува драгоцените искуства на Истокот и Западот.

ШТО УЧАТ ДЕЦАТА?

Учењето се заснова на употребата на алатката за пресметување – Абакус (Јап. прев. Соробан), со чија визуелизација се постигнува извонредно брза пресметка, каде што децата исклучиво мислат низ начинот на кој изведуваат неколку различни математички операции. Научните студии докажаа дека менталната аритметика претставува најдобра обука за мозокот.

ВЕБ ПЛАТФОРМА

Предноста на нашата програма е во единствената онлајн платформа која обезбедува континуирана комуникација помеѓу предавачите и учениците. Користејќи ја онлајн платформата, децата можат да ги практикуваат своите ментални способности, преку игри и наддавање, во брзо пресметување, со пријатели од цела Македонија, но и со деца од други земји.

ВРЕМЕ Е, нека ова биде најдобрата година до сега!

Малац Генијалац е програма која ќе му помогне на вашето дете да го извлече најдоброто од себе. Малац Генијалац ќе го научи вашето дете како ефикасно да учи, брзо помни и да ги искористи своите потенцијали.

Малац Генијалац е програма која му овозможува на вашето дете да постигне подобри резултати на сите полиња, од училишни до спортски обврски.

Блог

НАШИОТ ТИМ

Главен ментор на програмата по ментална аритметика е госпоѓата Даница Банзиќ, мастер учителка по ментална аритметика. Госпоѓа Банзиќ е најголемиот домашен балкански стручњак во однос на оваа област и е еден од најеминентните европски стручњаци за јапонскиот абакус (соробан), со специјализација во Токио на престижната Академија Tomoe Soroban. Член е на меѓународната абакус асоцијација, организатор и учесник на значајни меѓународни натпревари и Олимпијади по ментална аритметика. Автор е на првата книга на српски јазик по ментална аритметика.

Тимот на училиштата „Малац Генијалац” го сочинуваат исклучиво факултетски образовани стручњаци, просветни работници, учители, психолози, дефектолози и воспитувачи, кои го поседуваат неопходното искуство и проверен сензибилитет за работа со деца. Секој наш наставник успешно ја поминал меѓународната обука, со што сите наши наставници се сертифицирани учители по Хикари ментална аритметика. Списокот на центри погледнете го на следниов линк. Мисијата на нашето училиште е создавање на генијални деца! Како го правиме тоа?